Дарко Спалевиќ

Дарко Спалевиќ (Вучитрн, 24 март 1977) е професионален српски фудбалер. Настапувал на позицијата напаѓач.

Спалевиќ кариерата ја започнал во екипата на Раднички од Вучитрн, по што преминал во тимот на Трепча од Косовска Митровица.[1] Во сезоната 1998/99 бил играч на екипата на Приштина, а во 1999 година настапувал за составот на Бане од Рашка. Во периодот помеѓу 1999 и 2001 година Спалевиќ бил во редовите на екипата на белградски Милиционар. Во текот на 1999 година имал одиграно и еден натпревар за младата репрезентација на СР Југославија.[2]

Во летото 2001 година, тој се приклучил во составот на Црвена ѕвезда, која во тој период била предводена од тренерот Славољуб Муслин.[3] За црвено-белите одиграл 11 натпревари на кои не постигнал ниту еден гол. Тој земал активно учество и во квалификациите за Лигата на шампионите против составот на Бајер Леверкузен.[4] По заминувањето од екипата на Црвена ѕвезда, Дарко неколку години настапувал во странство, и тоа во Бугарија, Русија, Унгарија и Кина.

Во дресот на Славија од Источно Сараево, двапати бил најдобар стрелец во Премиер лигата на БиХ (2007/08, 2008/09).[5] Тој го освоил Купот на Босна и Херцеговина со составот на Славија во сезоната 2008/09.[6]

Во летото 2010 година Спалевиќ се вратил во Србија потпишувајќи договор со екипата на Раднички 1923. Со тимот од Крагуевац, успеал да избори пласман во Супер лигата, а воедно и бил втор стрелец во Првата лига на Србија во сезоната 2010/11 со вкупно 19 постигнати голови на 28 натпревари. Во сезоната 2011/12 бил најдобар стрелец во Супер лигата со 19 постигнати голови на вкупно 26 натпревари. Во таа натпреварувачка сезона успеал да влезе и во идеалниот тим на сезоната.[7] Во тимот на Раднички останал до 2014 година и постигнал вкупно 53 гола на 105 првенствени натпревари.

Во месец јуни 2014 година се преселил во екипата на Долен Срем од Пеќинац.[8] За овој клуб во сезоната 2014/15 во српската Суперлига одиграл 22 натпревари и постигнал пет гола. Во месец јули 2016 година се вратил во екипата на Раднички од Крагуевац.[9] Спалевиќ во сезоната 2016/17 во српската лига Запад одиграл 25 натпревари и постигнал 8 голови.[10] Тој му помогнал на својот тим да го освои првото место во српската лига и од сезоната 2017/18 тимот продолжил да се натпревара во Првата лига на Србија.[11] На почетокот на сезоната 2017/18 одиграл само два натпревари во Првата лига на Србија,[10] по што ја завршил својата играчка кариера.[12]

Клупски успеси

[уреди | уреди извор]
Славија од Сараево
  • Освоен е Купот на Босна и Херцеговина (1): 2008/09.
Раднички од Крагуевац
  • Освоена е Српската лига Запад (1): 2016/17.

Индивидуални успеси

[уреди | уреди извор]
  1. „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2016-03-25. Посетено на 10 март 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Пораз плавих“. 29 декември 1999. Архивирано од изворникот на 2023-05-29. Посетено на 10 март 2019.
  3. „Дошао је у Звезду као појачање за ЛШ, играо против Рикелмеа, Савиоле и Камбијаса, а у среду је постигао златан гол у селу код Пожаревца (ВИДЕО)“. 18 мај 2017. Посетено на 10 март 2019.
  4. „Спалевић: У Звезди нисам веровао у себе“. 22 мај 2012. Посетено на 10 март 2019.
  5. „Без старца нема ударца“. 20 ноември 2015. Посетено на 10 март 2019.
  6. „Славији Куп БиХ“. 28 мај 2009. Посетено на 10 март 2019.
  7. „Проглашен најбољи тим Суперлиге“. 14 мај 2012. Посетено на 10 март 2019.
  8. „Спалевић појачао Доњи Срем“. 17 јуни 2012. Посетено на 10 март 2019.
  9. „Дарко Спалевић поново у Радничком“. 26 јуни 2016. Посетено на 10 март 2019.
  10. 10,0 10,1 „Дарко Спалевић“. Архивирано од изворникот на 2019-03-10. Посетено на 10 март 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. „Раднички првак Српске лиге „Запад". 5 јуни 2017. Посетено на 10 март 2019.[мртва врска]
  12. „Спалевић бубамару замијенио хотелом“. 27 септември 2018. Архивирано од изворникот на 2018-10-10. Посетено на 10 март 2019.