Општина Даутбал Δήμος Ωραιοκάστρου | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Солун |
Гео. област: | |
Население: | 35.084 (2021) |
Седиште: | Даутбал |
Нас. места: | 11 |
Пошт. бр.: | 570 10 |
Пов. бр.: | 23970-6 |
Портал: | oraiokastro.gr/ |
Даутбал (грчки: Δήμος Ωραιοκάστρου, Димос Ореокастру) — општина во Солунскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Административен центар е истоимениот град Даутбал.
Општината Даутбал е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на три стари општини: Даутбал, Мигдонија, Калитеја.
Напомена: Називите на општинските единици „Мигдонија“ и „Калитеја“ не се однесуваат на ниедно постоечко место. Првата е наречена според горномакедонската област Мигдонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Втората има произволен грчки назив.
Општинската единица Даутбал го опфаќа само градот Даутбал (Ωραιόκαστρο, Ореокастро) во областа Вардарија.
Општинската единица Калитеја со седиште во Градобор (Пендалофос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места во областа Вардарија:
Општинската единица Мигдонија со седиште во Ајватово (Лити) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
На територијата на општината се наоѓаат и четири поранешни села: Камара, Карипци, Прнар и Трите Ана.
|
|