Дафне | |
---|---|
Опера од | |
Дафне бркана од Аполон, од Џовани Батиста Тјеполо, 1744 | |
Изворно | Dafne |
Либрето | Отавио Ринучини |
Јазик | Италијански |
Според | Дафне (митологија) |
Премиерна изведба | |
Датум | 1598 |
Место | Палацо Корси, Фиренца |
Дафне е најрано дело што, според современите стандарди, може да се смета за опера.[1][2][3] Либретото од Отавио Ринучини е целосно зачувано; а претежно изгубената музика е компонирана од Јакопо Пери, но барем два од шесте зачувани фрагменти се од Јакопо Корси. Дафне прво била изведена за време на карневалот во Палацо Корси во 1598 година.[4]
Дафне е напишана за многу помал ансамбл од оперите на Клаудио Монтеверди (изведени за релативно кратко време по Дафне); и бил сочинет од чембало, лаута, виола, архилаута и три флејта.[5] Пери во операта вклучил рецитативи и мелодичен говор вметнат во музика, како централен дел на операта.[6]
Се раскажува за Аполон кој се вљубил во нимфата Дафне. Операта е напишана за елитен круг хуманисти во Фиренца - Фиорентинска Камерата, меѓу 1594 и 1597 година, со поддршка, а можеби и соработка, од композиторот и покровител Јакопо Корси.[6][7] Обидот за заживување на грчката драма,[5] според современите учења, бил непретпознатлив за старите Грци.[6]
Поголемиот дел од музиката на Пери е изгубена, и покрај популарноста и славата во Европа во времето кога била компонирана, но либретото од 455 стихови е отпечатено и е зачувано. Семејството Медичи кое владеело со Фиренца тоа време, било воодушевено со Дафне и дозволило следното дело од Пери, Евридика, да се изведе како дел од свадбата на Марија де Медичи и Хенри IV во 1600 година.[8][9]