Двопериодична променлива ѕвезда (скрат. DPV, од анг. Double Periodic Variable) — вид двојна ѕвезда (ѕвезден систем) која има променлива сјајност не само поради тоа што една ѕвезда ја затемнува другата, туку и поради циклусот кој е приближно 33 пати подолг од орбитата. Кога едната ѕвезда прима маса од другата, таа е обиколена со дебел диск од материјал, и системот постепено ја губи маса во меѓуѕвездената средина на цикличен начин. Пирчината за вторичната подолга променливост сè уште не е утврдена, но се претпоставува дека е поврзана со магнетното динамо на ѕвездата која го дава материјалот. Познат пример за ова е β Лира. Ваквите ѕвезди се ретки — до април 2016 г. пронајден е 21 систем во нашата галаксија и преку 170 во Магелановите Облаци.
Каталогот на двопериодични променливи е дело на Меникент, Отеро, Колачковски (2016), Павлак и др. (2013) и Полески и др. (2010). Подолу се дадени неколку примери.
На списоков се дадени двопериодични променливи ѕвезди од интерес за аматерската и професионалната астрономија. Освен ако не е поинаку укажано, наведените величини се во V-појасот.
Ѕвезда |
Најг. величина |
Најм. величина |
Тип | Спектрален тип |
---|---|---|---|---|
V393 Скорпија | 7,39 | 8,31 | 7,72 | B3III |
AU Еднорог | 8,20 | 9,16 | 11,11 | B5IV+F8-G0II-III |
|