„Девојката на црвената баршунеста нишалка“ (англиски: The Girl in the Red Velvet Swing) – филм на режисерот Ричард Флајшер (Richard Fleischer) од 1955 година. Автор на сценариото е Чарлс Бракет (Charles Brackett), а главните улоги ги играат: Реј Миланд (Ray Milland), Џоан Колинс (Joan Collins), Фарли Гренџер (Farley Granger), Лутер Адлер (Luther Adler) и Гленда Фарел (Glenda Farrell).[1]
Филмот ја претставува вистинитата приказна за Евелин Незбит Шо, прекрасна забавувачка која се наоѓа во љубовен триаголник со постариот архитект Стенфорд Вајт и младиот ексентричен милионер Хари К. То. Вајт ѝ купува неверојатен стан, но бара од неа да се ниша на црвената нишалка која ја поставил во дневната соба...