Дела за чембало (фр.Pièces de clavecin) — три збирки со музика за чембало од францускиот композиор Жан-Филип Рамо. Првата била издадена во 1706; втората во 1724; а третата во 1729 или 1730 (како Nouvelles suites de pièces de clavecin - „Нови свити од дела за чебало“). По нив, во 1741 следела Дела за чембало и концерти (Pièces de clavecin en concerts), во кои чембалото го придружува флејта, виолина и виола да гамба.