Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Буркина Фасо изнесува 15 264 735 луѓе.
Буркина Фасо има околу 15,3 милиони жители кои припаѓаат на две големи западноафрикански културни групи: волтешка и мандеска чиј заеднички јазик е диула јазик. Волтешките Моси сочинуваат една половина од населението. Тие тврдат дека потекнуваат од Гана и основале империја на територијата на Горна Волта која траела над 800 години. Денес, кралството Моси сè уште е предводено од Мого Наба во Уагадугу.[1]
Службен јазик в земјата е францускиот.
Иако за религиозната припадност на населението нема точни бројки, според владата на Буркина Фасо 60 проценти од населението се муслимани.[2] Исто така, владат тврди дека 24 % од населението се припадници на локални религии, 17 % се католици и 3 се протестанти.
|