Според податоци од 2006 година, населението на Мозамбик изнесува 21 284 700 луѓе.
(2000)
(2007)
Провинциите Замбезија и Нампула се најнаселени, во нив живее околу 45% од населението во државата. Народот Макуа кој има околу четири милиона припадници е доминантна група на северот на земјата. Народите Сена и Шона живеат во долината на реката Замбези, а народот Шанган е на југот од Мозамбик. Други етнички групи се: Маконде, Јао, Свахили, Тонга, Чопи, Шона и Нгуни (вклучувајќи и Зулу). Во земјата живеат и мал број Европејци воглавном Португалци.
(1997)
Португалскиот е службен јазик и јазик кој најмногу се зборува, затоа што Банту народите говорат повеќе свои јазици (од кои најмногу користат свахили, макау, сена, ндау и шанган). Арапи, Кинези и Индијци покрај португалскиот говорат и на својот јазик како нивен втор јазик. Образованите слоеви зборуваат на англиски кој се учи во училиштата како втор или трет образовен јазик.
„Демографија на Мозамбик“ на Ризницата ? |
|