Денг (држава)

Држава Денг
鄧國/邓国
Местоположба на Денг
Главен градДенгчоу (鄧州/邓州), Хенан или Шијангфан (襄樊), Хубеј

Државата Денг (упростено кинеско писмо: 邓国; традиционално кинеско писмо: 鄧國; пинјин: Dèng) ― кинеска вазална држава за време на династиите Шанг и Чоу и Пролетниот и есенски период (околу 1200 – 475 п.н.е.) управувана од семејството Ман (曼).

Територија

[уреди | уреди извор]

Изворите се во судир околу тоа дали државата Денг се наоѓала во Денгчоу (鄧州/邓州), покраина Хенан или Шијангфан (襄樊), покраина Хубеј.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кралот Ву Динг (武丁) од династијата Шанг (武丁) (владеел 1250–1192 п.н.е.)[1] и ги доделил земјите на државата Денг на неговиот помлад брат Зи Ман (子曼) кој им го пренел на подоцнежните поколенија. За време на владеењето на Ву Ли (吾离), Денг некое време станал богат и моќен, но неговото влијание се намалило со подемот на хегемониите во текот на Пролетниот и есенскиот период.

Во 688 п.н.е., кралот Вен од Чу морал да помине низ државата Денг за да ја нападне државата Шен. Иако Денг била родната област на Денг Ман (邓曼), една од сопругите на таткото на кралот Вен, кралот Ву од Чу (楚武王), државата Денг лежела на границите на државата Чу така што нејзиното соборување би се покажало погодно за проширување на Чу. Тројца будни канцелари на државата Денг, Чујшенг (騅甥/骓甥), Даншенг (聃甥) и Јангшенг (養甥/养甥) го повикале својот господар да го убие кралот Вен[2] Господарот на Денг не послушал. Кралот Вен од Чу помина низ државата Денг и ја нападнал државата Шен. По враќањето, кралот го нападнал Денг. Со припојувањето на државите Шен и Денг, државата Чу ја проширила својата територија во Нанјагскиот слив.

Во 678 п.н.е. кралот Вен од Чу ја соборил државата Денг. Потоа, неговиот народ го усвоил презимето Денг (鄧/邓) кое е вообичаено и денес.

  1. Bai, Shouyi (2002). An Outline History of China. Beijing: Foreign Language Press. ISBN 7-119-02347-0.
  2. "Цуо Чуан • Шестата година на Војводата Чуанг од Лу".