Дејан Ѓорѓевиќ (20 септември 1992) е српски фудбалер, кој играл како напаѓач за Вестри.
Ѓорѓевиќ својата сениорска кариера ја започнал во Слога Бајина Башта во 2011 година. Во својата дебитантска сезона за првиот тим имал 23 натпревари во српската лига Запад. Ѓорѓевиќ останал во клубот до 2015 година, а играл и за Слога Пожега одреден период во сезоната 2014–15.[1] Во летото 2015 година, Ѓорѓевиќ се приклучил на Слобода Ужице.[2] Ѓорѓевиќ го постигнач првиот хет-трик во својата професионална кариера за Слобода Ужице во 24 натпревар од сезоната 2015–16 во Првата лига на Србија против Раднички Крагуевац, одигран на 28 април 2016 година.[3] Постигнувајќи 10 гола на 30 одиграни натпревари, Ѓорѓевиќ бил номиниран за најдобар играч на сезоната, по избор на навивачите.[4] Следното лето потпишал со малтешкиот прволигаш Биркиркара,[5] каде забележал 5 натпревари на сите натпреварувања за првата полусезона.[6] На почетокот на 2017 година се враќа во Србија и се приклучил на ФК Земун.[7] Подоцна, во април истата година го раскинал договорот и го напуштил клубот,[8] забележал само 2 настапи како резервен играч.[6] Во летото 2017 година, Ѓорѓевиќ се врати во Слобода Ужице.[9]