Дејан Јовановски | |
---|---|
Позиција | крило бек |
Висина | 1,98 м |
Тежина | кг |
Број | 12 |
Роден | 26 март 1973 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Проф. кариера | 1992–2006 |
Клубови | |
| |
Репрезентација | |
Инфо од: 18.07.2016. |
Дејан Јовановски (роден на 26 март 1973 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој играл за повеќе македонски екипи како Работнички, Орка Спорт, Никол Ферт и многу други.
Јовановски својата кариера ја започнал во Годел Работнички каде играл пет сезони. Потоа се префрлил во кавадаречка Орка. За сезоната 1999/00 на почетокот играл во Никол Ферт, а потоа се префрлил во турски Ојак Рено каде настапувал до крајот на сезоната. За следната сезона играл во Швајцарија, во клубот Лугано, притоа освојувајќи го Првенството и Купот на таа земја. За следната сезона потпишал повторно за Никол Ферт,[1] кога го освоил Купот на Македонија 2002. За сезоната 2002/03 играл во грчки Перистери. Во првата половина на сезоната 2003/04 играл во Фершпед Работнички,[2][3] додека во втората половина се преселил во француски Шорал Роан Баскет.[4][5] За следната сезона играл повторно во Франција но во друг клуб - Елан Шалон.[6][7] За сезоната 2005/06, која била и негова последна како играч, играл повторно за Фершпед Работнички, освојувајќи ја двојната круна во Македонија.
На 30 мај 1993 година, Јовановски го одиграл првиот натпревар за македонската репрезентација.[8]
Јовановски извесен период од 2012 до 2013 година минал во улогата на спортски директор Работнички, а потоа бил и во Агенцијата за млади и спорт. Во мај 2016, Јовановски бил назначен за генерален секретар на Македонската Кошаркарска Федерација.[9] По неполн месец тој се повлекол од позицијата генерален секретар.[10]