Дејан Дуковски (Скопје, 25 април 1969) — истакнат македонски драмски автор. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија[1].
Според сценариото на „Буре барут“ е снимен игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI - награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда,„Бронзена камера 300“ на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (Битола, 1998); Гран-при на меѓународен филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999).
„Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска, Бугарија.
|