Дејловце | |
Координати 42°15′0″N 22°0′0″E / 42.25000°N 22.00000°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Козјачија |
Население | 27 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1302 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17026 |
Надм. вис. | 870 м |
![]() |
Дејловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Дејловце имало 44 жители, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 21 Македонец и 6 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 455 | 480 | 397 | 413 | 368 | 306 | 147 | 72 | 60 | 44 | 27 |
Дејловце е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:
Златановци (8 к.), Реканци (8 к.), Везуличанци (8 к.), Стојановци (7 к.), Брлошковци (6 к.), Лукарчанци (4 к.), Долно-маалци (4 к.), Ливаѓани (4 к.) и Гробиштанци (2 к.) постои предание дека сите родови потекнуваат од ист предок, само никој не знаел да каже дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.[9]
Личности родени во Дејловце:
Од Дејловце има голем број на иселеници. Некои се иселувале помеѓу двете светски војни, а некои потоа. Иселеници има во Скопје (околу 10 семејства), Куманово (7-8 семејства), Качарево, Јабука и Глогоњ (севкупно околу 10 семејства).
Иселеници исто така има и во Тромеѓа (Тасиќи, Величковиќи, Младеноски и Димитријески), Доброшане (Митрески, Небитници, Петрушевски, Милковци, Додевски и Радевски), Стрезовце (Живушка и Дејловчани), Канарево (Дејловчанци).[9]