Мираковски својата почетна кариера ја започнал во домашното првенство на Македонија, поминувајќи низ повеќе клубови. Својата интернационална кариера ја започнал во косовското првенство, а има настапувано и во бугарското првенство во кошарка, како и во грчкото. За сезоната 2010/11, Мираковски потпишал за Работнички по третпат во кариерата[1] Таа сезона, Димитар го освоил Купот на Македонија 2011, а на крајот бил вицепрвак во Првенството. Во февруари 2014 година, Мираковски го напуштил Кожув.[2] Мираковски за сезоната 2015/16, продолжил да настапува во Работнички.[3] Димитар и за сезоната 2017/18 продолжил да игра во Работнички.[4] Мираковски со Работнички станал вицепрвак во Купот 2018. За време на првиот натпревар во финалето во Првенството, Мираковски се здобил со повреда на задната ложа на левата нога и со тоа го пропуштил остатокот на финалето 2018.[5][6] Но Мираковски сепак станал освојувач на Лигата, за првпат, бидејќи Работнички победил во финалето. Со Работнички, Мираковски го освоил Купот 2019, додека во Првенството 2018/19 бил вицепрвак. Во летото 2019 година, Мираковски се пензионирал како активен кошаркар и станал главен тренер на екипата на Работнички.[7][8]
↑„Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)