Директори — српска ои, панк рок, и ска група од Белград, кој е основан 1989 година.
Членови на групата се: Небојша Дракула, Срџан Мариќ, Мирослав Пилиповиќ, Драган Рашковиќ, и поранешниот член Предраг Тошовиќ.
Групата е основана 1989 година, прва песна е „Го мразам Хајдук"(Мрзим Хајдук), која е објавена 1990 година, а прв албум е „Ќе ги чистите улиците"(Чистичете улице) кој е издаден во 1994 година.
Најпознати песни се: „Доаѓа возот" (Иде воз), „Кој е светски шампион" (Ко је светски шампион), „Под сливите" (Под шљивама), „Пролет" (Пролече), "Животинска фарма" (Животињска фарма), и „Пиво“.
Во текот на своето постоење, групата снимила повеќе социјални и политички песни, од кои најпознати се „Го мразам Хајдук" (Мрзим Хајдук), во која пеат против претседателот на Хрватска, Фрањо Туџман. Исто така во текот на демонстрациите на 9 март, 1991 година, поради апсењето на Вук Драшковиќ, групата ја снима песната „Бандо црвена“, во која пеат против комунизмот и режимот на Слободан Милошевиќ, која подоцна често се изведувала на митинзите на тогашната опозиација.