До една планинска маргаритка

До една планинска маргаритка е поема, напишана на шкотски дијалект на англискиот јазик, од Роберт Бурнс во 1786 год. Поемата била вклучена во неговата збирка Килмарнок.

Поемата раскажува настан во кој поетот, додека работел со плугот на нива, открил дека го скршил стеблото на една маргаритка. На некои начини, таа е слична на поемата ,,До едно глувче", која била објавена претходната година. Секако, на таа нива мора да имало стотици мали цвеќиња кои биле соборени од плугот и не е јасно зошто авторот бил окупира од овој конкретен примерок.

На сличен начин со „До едно глувче", Бурнс ја споредува маргаритката со судбината на целото човештво. Освен тоа, во шестата ја споредува и со млада девојка која била обесчестена од нејзиниот љубовник. Конечно, во седмата строфа ја споредува со самиот себе. Низ крајот на поемата, нежно се проткајува чувството дека авторот првпат се соочува со сопствената смртност.