Потпишан | 1823 1847 |
---|---|
Потписници | Османлиско Царство Персија |
Договорот од Ерзурум — мировен договор потпишан во 1823 година преку кој завршила Отоманско-персиската војна (1821–1823).
Во војната двете сили се сретнале во реонот на езерото Ван, а својата кулминација војната ја имала во Битката кај Ерзурум каде персиските сили победиле[1]. Во следните години имало неколку немири, но војната целосно завршила со потпишување на договор во Ерзурум каде и двете страни ги признале претходните граници без територијални измени[1].
Но во текот на 1830 година се случиле серија од гранични инциденти кои довеле до можност од нова војна меѓу двете земји. Велика Британија и Русија се понудиле да посредуваат, а вториот договор од Ерзурум бил потпишан на 31 мај 1847 година[2], според кој се предвидело спорната граница меѓу двете земји да биде набљудувана од гранична комисија. Оваа комисија немала голем успех. Конечно границата меѓу двете земји била утврдена во 1914 година.
|