Долина на сонцето | |
---|---|
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Дијана Печкај Вуковиќ |
Улоги | Бојана Грегориќ Ана Виленца Иван Херцег Роберт Курбаша |
Земја на потекло | Хрватска |
Првичен јазик | хрватски |
Бр. на епизоди | 210 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | ХРТ |
Првично прикажување | 21 септември 2008 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | dolina-sunca.com |
Долина на сонцето (хрватски јазик: Dolina Sunca) е хрватска теленовела. Серијата ја имаше својата Балканска премиера на 21 септември, со започнување на прикажување во Србија, Македонија и секако Хрватска. Македонија ја емитува серијата на А1 телевизија.
Потиштена од трагичната смрт на сопругот, младата биохемичарка Ева Краљ, собира доволно сила да се упати во гратчето Јабланово да ја одјави неговата канцеларија. На прв поглед ја воодушевува убавината на гратичето и таа изненадно, покрај својата сестра Стела, одлучува да започне нов живот баш во овој провинциски град. Семејството Витезовиќ ја спрема свадбата на својот најмлад син Јуран не сомневајќи се во мотивите на неговата женидба со добродушната Наташа Север. Среќата на Наташа виси на конец кога случајно го слуша разговорот помеѓу идниот сопруг и кумот Ловре Буковац. После три години, поминати во затвор, следен од погледите на мештаните, Андрија, црната овца во семејството Буковац, се враќа во Јабланово. На патот кон градот ја запознава убавата вдовица Ева. За време на шетка во природата, Ева го сретнува Кристијан Витезовиќ, момчето кое и го спасил животот. Градоначалничката Јулија Витезовиќ се запрепастува и се збунува како во градот се шета Андрија во друштво со Ева Краљ. Нејзината љубов ќе биде освоена од двајца мажи кои ќе се борат за нејзиното срце, Андрија и Кристијан.