Нерц во текот на Енеко Тур 2010 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Доминик Нерц |
Роден | 25 август 1989 Ванген во Алгој, Германија |
Висина | 1,78 м |
Маса | 70 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | пензиониран |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | специјалист за искачување |
Професионални клубови | |
2008 2009 2010 2011–2012 2013–2014 2015-2016 | Иста Континентална екипа Милрам Тим Милрам Ликвигас-Канондејл Аксент Џобс-Ванти Бора-Аргон 18 |
Доминик Нерц (германски: Dominik Nerz; р. 25 август 1989) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016.
Иако бил јуниорски национален првак во велодромски велосипедизам, Нерц главно вози како друмски велосипедист. По бројни победи како младинец, тој се придружил на развојната екипа Тим Милрам и го освоил германското друмско првенство под 23 години. По една сезона за континенталната екипа Милрам, тој му се придружил на сениорскиот состав и станал професионалец.[1]
По распаѓањето на Милрам, му се придружил на Ликвигас-Канондејл за 2011,[2] и возел на неговиот прв Гранд Тур подоцна истата година - Вуелта а Еспања 2011. Возејќи како поддршка на Винченцо Нибали, тој завршил 38. во генералниот пласман и бил највисоко пласиран Германец во крајниот пласман. Тој исто така завршил трет на етапата 18 и тоа било негов најдобар резултат таа сезона.[3]
Нерц го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Аксент Џобс-Ванти за сезоната 2013.[4] Во септември 2014 година, Бора-Хансгрое објавил дека со Нерц потпишале двегодишен договор од 2015 година, како предводник на екипата за големите трки и слични етапни трки.[5]
Во октомври 2016 година, Нерц потврдил дека се повлекува од трки поради здравствени причини.[6]
Голема трка | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — |
Тур | — | 47 | — | — | СО | — |
Вуелта | 38 | — | 14 | 18 | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Доминик Нерц“ на Ризницата ? |
Оваа биографска статија поврзана со германскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |