Драгоманце

Драгоманце
Драгоманци

Поглед на селото Драгоманце

Драгоманце во рамките на Македонија
Драгоманце
Местоположба на Драгоманце во Македонија
Драгоманце на карта

Карта

Координати 42°13′23″N 21°51′51″E / 42.22306° СГШ; 21.86417° ИГД / 42.22306; 21.86417
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 124 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1303
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17033
Надм. вис. 424 м
Слава Митровден
Драгоманце на општинската карта

Атарот на Драгоманце во рамките на општината
Драгоманце на Ризницата

Драгоманце (или Драгоманци) — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]
Поглед на маалото Село

Се верува дека името на селото потекнува од основачот на селото, кој бил старешина на група на работници или „драгоман“.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, речиси во самиот средиштен дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, недалеку од левата страна на реката Пчиња. Селото е ридско, чии маала се издигаат на надморска височина од 360 до 560 метри.[3] Од градот Куманово селото е оддалечено 25 километри.[3]

Драгоманце е поделено на две маала во две долини. Едната долина е на Драгоманскиот Поток, а другата е долината на Степанска Река, и двете леви притоки на Пчиња. Во првата долина се наоѓа поголемото маало Село со 20 куќи, додека второто маало Гладница има 14 куќи. Во маалото Гладница се наоѓа осумгодишното основно училиште, заедно со интернат за учениците од другите села.[2]

Атарот е мал и зафаќа површина од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 261 хектар, на пасиштата отпаѓаат 193 хектари, а на шумите само 7,6 хектари.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Селиште на 500 м северно од него.[4]

Драгоманце во денешен облик не е многу стара населба, основано е на почетокот на XIX век. Како негов основач се споменува некој човек со своите три сина, кои се доселиле од Поповац, од околината на Параќин, Србија.[2]

Куќите на првите жители биле во денешното маало Гладница, но поради постојаните зулуми, почнале да се преместуваат во соседното, но позатскриена долина, кај денешното маало Село. Околу 1900 година, некои од жителите повторно се вратиле во маалото Гладница.[2]

Во XIX век, Драгоманце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[3]

До 1963 година, жителите на Драгоманце најмногу живееле од одгледувањето жито и чувањето овци. Откако бил изграден каналот за наводнување, поголемиот дел од жителите се префрлиле на одгледување зеленчук. Најмногу се произведувало пиперки, зелка и кромид.[2]

Во минатото во селото постоел производствен погон на фабриката „ЧИК“ од Куманово,[3] кој денес е пренаменет во погон на фабриката „Бонум“. Погонот има капацитет за преработка на 6.000 тони зеленчук, а располага со 5.000 метри квадратни платоа и 5 хектари земјиште.[5]

Погон на Бонум во селото Драгоманце

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948203—    
1953213+4.9%
1961238+11.7%
1971226−5.0%
1981182−19.5%
ГодинаНас.±%
1991165−9.3%
1994148−10.3%
2002133−10.1%
2021124−6.8%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Драгоманце имало 295 жители.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгоманце имало 240 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Драгоманце е мала населба, којашто во 1961 година броела 238 жители, а во 1994 година 148 жители, од кои 115 Македонци и 31 Србин.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Драгоманце имало 133 жители, од кои 124 Македонци и 9 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 124 жители, од кои 101 Македонец, 9 Срби и 14 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 295 240 203 213 238 226 182 165 148 133 124
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Според авторот Јован Трифуноски, во селото имало македонски и ромски[15] родови, иако според пописните податоци по Втората светска војна, во селото не се сретнуваат Роми. Сите родови потекнуваат од предци, кои биле доселени:[2]

  • Македонски родови: Попиќевци (15 к.), Брзаци (5 к.), Бегови (4 к.) и Мацанци (4 к.). Како се тврди сите потекнуваат од истиот предок доселен од Поповац. Сите слават Свети Никола.
  • Ромски родови: Ѓорговци (6 к.), првин живееле во соседното село Врачевце, а подоцна се преселиле во маалото Гладница. Слават Свети Никола. Веќе не говорат ромски.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Деветгодишното основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Драгоманце, во која влегувале селата Драгоманце, Добрача, Коинце, Пузајка и Стрновац.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Драгоманце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[3]
Археолошки наоѓалишта[4]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од Драгоманце има и постари и понови иселеници. Постарите се сретнуваат во кумановските села: Стрновац (Биризовчани, 17 к.), Пузајка (Дршљанци, 7 к.; Киринци, 5 к. и Гривинци, 1 к.) и Врачевце (Стошинци, 2 к.).[2]

Новите иселеници главно се иселувале во градовите Куманово и Скопје.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 111. Посетено на 17 април 2017.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Б., И. (9 септември 2005). „Нов погон на "Бонум" во Драгоманце“. Вечер. Скопје: Вечер Прес. Посетено на 17 април 2017.[мртва врска]
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Во книгата на авторот запишани како цигански.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]