Дремлинг (германски: Drömling) — слабо населена низина на границата на Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт во Германија со област од околу 340 км2. Поголемиот дел припаѓа на Саксонија-Анхалт на исток и е природен парк од 1990. Поранешното мочуриште било изменето со дренажа од природен во културен пејзаж во XVIII век по наредба на прускиот крал Фридрих Велики. Денес, низината, со нејзините водни патишта, Средногерманскиот Канал и реките Алер и Оре е прибежиште на ретки или загрозени видови на животни и растенија. Поголемиот дел од областа е составена од природни паркови и заштитени области. Соседни градови се Ебисфелде и Волфсбург.
Дремлинг се наоѓа во наоѓа во низина околу 15-20 километри. Тој е поширок дел на ледничката долина Бреслау-Магдебург-Бремен. Во поширока смисла се протега од Волфсбург-Форсфелде на запад до Калферде на исток и од Клеце на север до Ебисфелде на југ.
Дремлинг се простира на следниве окрузи: Алтмарк Залцведел, Берде, Гифхорн, градот Волфсбург и Хелмштет.