Државни празници во Парагвај

Државните празници во Парагвај се службените неработни денови во државата. Празниците важат за целата територија на државата и за сите граѓани. Државните празници во Парагвај се од верска, историска или политичка природа.

Државни празници

[уреди | уреди извор]

Државните празници во Парагвај се:[1]

датум македонски шпански белешки
1 јануари Нова Година Año Nuevo
1март Ден на хероите Dia de los héroes Преместен на 27 февруари во 2017.[2]
март/ април Велики четврток Jueves Santo Празникот се преместува.
март/ април Велики петок Viernes Santo Празникот се преместува.
1 мај Ден на трудот Día de los Trabajadores
14 мај Ден на независноста Independencia
12 јунии Примирје за Чако Dia de la Paz del Chaco Крај на војната за Чако.
15 август Основање на Асунсион Fundación de Asunción Пристигнување на Шпанците. Во 2017 бил преместен на 14 август.
29 септември Победата во Бокерон Victoria de Boquerón Победа на парагвајската војска во војната за Чако
8 декември Девицата од Какупе Virgen de Caacupé Фестивал во чест на Богородица во Какупе
25 декември Божиќ Día de Navidad
  1. „Calendario Escolar Año Lectivo 2012“. Asuncion: Ministerio de Educación y Culto, Paraguay. 2011. Архивирано од изворникот на 24 август 2012. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Establecen traslados de feriados para el 2017“. Diario Ultima Hora. Посетено на February 20, 2017.