Едвард Дебицки (роден на 4 март 1935 година) ― полски ромски поет, музичар и композитор. Неговата работа е поврзана со ромската заедница и нејзините културни, патувачки и музички традиции.
Дебицки е роден во Калуш, град во денешна Украина, како син на ромските музичари Владислав Шжановски и Францишка Рачковска. Голем дел од неговата младост поминал патувајќи во караванот на неговите родители во пограничните региони меѓу Полска и Украина.[1] Во 1953 година посетувал музички училишта во Горзов Вјелкополски и Зјелона Гора. Во 1955 година ја основал и станал директор на музичката група „Кхам“ (Сонце), која подоцна во 1960-тите станала „Терно“ (полски: Млоди; букв. Млади) во Горзов Вилкополски. Учествувал на натпревари по хармоника во Кјелце и Вроцлав.[2]
Дебицки е автор на книга поезија, „Под голото небо“ („Teł nango bolipen“ (ромски) или „Pod gołym niebem“ (полски), 1993 година),[2] и на романот „Птица на мртвите“ („Ptak umarłych', 2004) кој ги опишува искуствата на едно ромско семејство во Волин за време на Втората светска војна. Има напишано околу 200 песни.
Во моментов Дебицки живее во Горзов Вјелкополски, Полска.