Едвард Равникар | |
---|---|
Edvard Ravnikar in 1961 | |
Роден(а) | декември 4, 1907 Ново Место, Австроунгарија |
Починал(а) | август 23, 1993 Љубљана, Словенија | (возр. 85)
Националност | словенец |
Едвард Равникар (4 декември 1907 - 23 август 1993) бил словенечки архитект.
Равникар е роден во Ново Место и бил студент на архитект Јоже Плечник. Подоцна, тој ја предводел новата генерација на словенечки архитекти, значаен бил за развојот на инфраструктурата на словенечката архитектура, во организирањето на архитектонски натпревари итн[1].
Тој исто така, го промовирал скандинавскиот архитектонски стил во Словенија , особено финските достигнувања во архитектурата постигнати од оние на Алвар Аалто[2].
Неговите најзабележителни творби се во Љубљана, меѓу нив се: Плоштадот на Републиката, Цанкарјевата дворана, стоковна куќа Максимаркет и Музеј за модерна уметност, Љубљана[3].
За својата работа, тој ја добил Прешерновата наградата во 1961 и во 1978 година. Умрел во Љубљана, на 85-годишна возраст.