Един Карамазов - хрватски гитарист и лејтист.
Карамазов студирал лејта на музичката академија „Schola Cantorum Basiliensis“ во Базел.
Според музичките критичари, Карамазов е еден од „највозбудливите и најхаризматичните лејтисти на денешнината“. Тој соработувал со повеќе познати оркестри и музички групи, како: „Хилијард“, камерниот оркестар „Орфеус“, „Хесперион“, „Мала пуника“ итн. Заедно со Стинг, во 2006 година го снимил албумот „Songs from the Labyrinth“. Исто така, поголем број композитори (Кшиштоф Пендерецки, Никита Кошкин, Арво Парт, Лео Броуер) напишале дела посветени на него. Карамазов е добитник на повеќе награди меѓу кои и „Едисон“ (2002) и „Кубадиско“, во 2001 година бил номиниран за „Греми“, а во 2007 имал номинација за „Brit Awards“.[1]