![]() Маичка со жолти броеви, која им се доделува на членовите од најдобрата екипа | |
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најдобра екипа |
Локално име | Classement d'équipes (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1930 |
Изданија | 82 (до 2018) |
Прв победник | ![]() |
Најнов победник | Мовистар Тим |
Екипен пласман на Тур де Франс — награда доделувана на велосипедската екипа Тур де Франс за најдобра екипа на трката. Започнала да се доделува од 1930 година, а начинот на пресметка бил менуван низ годините. Не постои маичка за овој пласман, но броевите на маичките на членовите на екипата со најдобар генерален пласман на крајот на претходната етапа биле со жолта позадина, наместо вообичаената бела.
До 2011 година, екипниот пласман бил пресметуван со додавање на времињата на најдобрите тројца возачи од секоја екипа по завршена етапа; временските бонуси и казните не се пресметувале. Во екипниот хронометар, екипата го добива времето на петтиот возач од екипата кој ја поминува целта или последниот возач, ако се помалку од пет возачи. Ако екипата има помалку од тројца останати велосипедисти, екипата се повлекува од пласманот.
Екипниот пласман се смета за помалку важен во споредба со (поединечниот) генералниот пласман и ретко некоја екипа има за цел да победи во екипниот пласман. Ако во текот на трката, екипата се најде во добра положба да го освои екипниот пласман, екипата можеби ќе ја смени тактиката со цел да победи.[1]
Кога Ленс Армстронг ги изгубил надежите за победа на Тур де Франс 2010, им наредил на неговите колеги да ги држат нивните главни соперници во екипниот пласман и неговата екипа, Тим РадиоШек, го освоил екипниот пласман.[1]
Добриот резултат во екипниот плас2ман може да ѝ помогне на екипата да се квалификува за наредниот Тур де Франс. Во 2010 година, системот бил поставен да одреди кои екипи ќе бидат UCI World Tour екипи, а екипниот пласман на Тур де Франс бил дел од системот.[1]
Во текот на првите години на Тур де Франс, велосипедистите возеле како поединци. Иако имале спонзори, не им биле дозволени да бидат дел од екипа, бидејќи организаторот на трката Анри Дегранж сакал да се види силата на поединците. Во тие години, велосипедистите исто така можеле да учестуваат без спонзори. Тие биле категоризирани под различни имиња:[2]
Во 1930 година, Анри Дегранж се откажал од идејата дека велосипедистот треба да се трка поединечно и го променил системот во борба на екипи. Сè уште бил против учество на спонзори, па така велосипедисти биле групирани во земји. Оваа состојба на Тур постоела во периодите 1930–1961 и 1967–1968. Помеѓу 1962 и 1966 година и по 1969 година, можеле да учествуваат и спонзорирани екипи.
При влезот на екипите во 1930 година била воведена и награда за победничката екипа.[3] Во 1930 година, пласманот бил пресметуван со додавање на времињата на тројцата најдобри возачи во генералниот пласман.
Во 1961 година, системот бил променет. Екипниот пласман бил променет во бодовен систем, каде екипата добивала еден бод за најдобро екипно време на етапата, а екипата со најмногу бодови била победник. Овој систем исто така бил користен во 1962 година, но во 1963 година пресметката била вратена на времињата. Во 1970-тите, овој систем бил повторно воведен како екипен бодовен пласман, иако во различен облик: по секоја етапа, сите велосипедисти добивале бодови (1 за победникот, 2 за вториот, итн.) и овие биле додавани, а екипата со најмалку бодови била победник на екипниот бодовен пласман.[4]
До 1990 година, предводниците на екипниот пласман можеле да се препознаат по жолтите капи. Од 2006 година, најдобрата екипа носи црни броеви на жолта позадина на нивните дресови.[1] Почнувајќи од 2012 година, најдобрата екипа добила право, но не и обврска, да носи и жолти кациги.[5][6]
Помеѓу 1973 и 1989, постоел дополнителен екипен бодовен пласман.
Година | Екипа |
---|---|
1973 | Жан-Мерсје |
1974 | Жан-Мерсје |
1976 | Жан-Мерсје |
1977 | Пежо |
1978 | Рали |
1979 | Рено |
1980 | Рали |
1981 | Пежо |
1982 | Рали |
1983 | Рали |
1984 | Панасоник-Рали |
1985 | Ла Вие Клер |
1986 | Панасоник |
1987 | Систем У |
1988 | ПДМ |
|