Елвира Донес 1960 е албанска писателка,[1] сценарист и продуцент на документарни филмови.
Родена е во крајбрежниот град Драч, дипломирала на Државниот универзитет во Тирана. Во 1988 година се вработила во Албанската државна телевизија и на тој начин отпатувала во Швајцарија, каде што пребегнала. Таа била судена за предавство во Албанија (во отсуство), била осудена на затвор и не ѝ бил дозволен пристап до нејзиниот син до падот на комунизмот во Албанија во 1992 година. Потоа живеела во Швајцарија каде работела како писателка и телевизиски новинар, а напишала и сценарија, режирала и продуцирала неколку документарни филмови.
Од 2004 г живее во САД. Повеќето нејзини текстови се на италијански или албански јазик, но неколку од нејзините документарни филмови се со англиски преводи. Неколку од овие филмови победиле или биле номинирани за различни награди. Нејзиниот последен документарец, „Заколнета девица“, е за жените во северна Албанија кои се заколнале на вечна невиност во нивните тинејџерски години и станале мажи во нивното општество - не жени кои се однесуваат како мажи или трансродови жени, туку едноставно жени кои сега се мажи. Овој филм бил прогласен за најдобар документарен филм на Женскиот филмски фестивал во Балтимор во 2007 година.
|