Елен Хелга Луиз Хаген (родена во Вадстром; 1873–1967) била шведска суфражетка, активистка за женски права и политичарка. Таа била член на Националното здружение за право на глас на жени, претседател на „Либерални жени“ во 1938–1946 година и на Шведско здружение на граѓани-жени во 1936–1963 година. Во текот на дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, таа била меѓународно активна во рамките на мировната работа и била шведски делегат на меѓународната мировна конференција во Париз во 1931 година.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |