| |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
23 декември 1996 Атина, Грција | ||
Националност |
![]() ![]() | ||
Спорт |
![]() | ||
Висина | 1.78 м (5 ст 10 ин) | ||
Позиција | среден бек, лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб |
![]() | ||
Број | 17 | ||
Младински клубови | |||
2004-2007 2007-2008 2008-2011 |
![]() ![]() ![]() | ||
Сениорски клубови | |||
2011-2014 2014-2018 2018- |
![]() ![]() ![]() | ||
Репрезентација 1 | |||
2012-2015 2017- |
![]() ![]() | ||
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 4 декември 2012 |
Елизабет Омореги (23 декември 1996, Атина, Грција) - словенечка ракометарка со бугарско потекло, среден бек на ЧСМ Букурешт и на словенечката репрезентација.
Таа најпрво настапувала за бугарската репрезентација, но во октомври 2017 година откако добила словенечко државјанство решила да настапува за оваа земја.
Омореги е родена и израснала во Атина, Грција, во семејство со четири деца на татко Нигеријец и мајка Бугарка.[1] Елизабет, исто така, има две сестри, Марија и Рејчел, и еден брат, Емануел.[2] Семејството потоа се преселило во Плевен, Бугарија, каде што Елизабет одела на училиште.[1] Уште од рана возраст, Омореги започнала да се занимава со спорт тренирајќи атлетика сè до 8 годишна возраст кога еден ден тренерите на бугарскиот ракометен клуб Ловеч 98 Наско Табаков и Габриела Петрова ја забележале и ја повикале да го промени спортот и да започне да тренира ракомет.[1][2][3] Така тргнала по стапките на нејзината мајка, Наталија Асенова, која била ракометен голман.[2] Во едно интервју за нејзиното дестство и промената на спорт Омореги изјавила: "Тогаш имав само 8 години, но многу брзо разбрав, дека ракометот ќе игра многу важна улога во мојот живот".[2]
Омореги ја започнала својата ракометна кариера во екипата на Ловеч 98, приклучувајќи му се на тимот под 10 години.[3] Во 2007 година се преселила во екипата на Локомотив Варна, а една година подоцна во 2008 година и се приклучила на екипата на Шугар од нејзиниот град Плевен.[3] Со овој клуб освоила три шампионски титули во категориите под 14, под 16 и под 19 години.[3] Во сезоната 2011-2012 дебитирала за првиот тим на Шугар Плевен во бугарското првенство, завршувајќи како најдобар стрелец за сезоната и придонесувајќи за високото трето место во лигата на плевенчанскиот клуб.[3]
На 6 октомври 2014, на возраст од 17 години, Омореги ја напуштила Бугарија и потпишала договор со словенечкиот клуб Крим.[3] Своето деби за новиот клуб го имала на 17 октомври 2014, постигнувајќи три гола во победата со 32-20 на домашен терен над австрискиот Хипо во Лигата на шампионите.[3][4] На 10 декември 2014, Омореги постигнала два гола во гостинската победа на Крим кај Жалец со 26-34 во словенечкото првенство.[5] Исто така со клубот настапувала и во Регионалната ракометна лига во која Крим завршил на разочарувачкото четврто место во конкуренција на пет клубови. На 13 февруари 2015, Омореги постигнала највисоки за неа 5 гола во својата деби сезона во Лигата на шампионите во поразот на домашен терен од Будуќност, по што Крим бил елиминран од натпреварувањето во главната фаза завршувајќи на последното место во групата. Подоцна истиот месец, Омореги потпишала нов договор со словенечкиот клуб за уште три сезони.[6] Во својата прва сезона во клубот ги освоила титулите во словенечкото првенство и Купот на Словенија.
На 14 ноември 2015, во поразот со 35-28 на гостувањето кај Баија Маре за првпат во кариерата постигнала двоцифрен број на голови во натпревар од Лигата на шампионите, завршувајќи со 10.
На 27 април 2018 година било објавено дека Омореги потпишала договор со романскиот тим ЧСМ Букурешт, кој започнал да важи од летото истата година.[7][8]
Омореги настапувала за бугарската репрезентација, со која победила на ЕХФ Челенџ трофи 2014, турнир на кој била избрана и за МВП.[9]
Во октомври 2017 година, словенечките медиуму објавиле дека Омореги добила словенечко државјанство и ќе може да игра за националната селекција на Словенија.[10][11]
|date=
(help)
|