Елимски јазик | |
---|---|
Застапен во | Сицилија |
Изумрен | 3 век п.н.е,? |
Јазично семејство | |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | xly |
Linguist | xly |
Елимски јазик — исчезнат јазик кој се зборувал од Елимците во Западна Сицилија. Денес не е познато дали јазикот бил индоевропски. Ограничениот број на преживеани пишани сведоци го отежнува идентификувањето на неговиот сооднос со останатите тогашни јазици во поширокиот регион. Едно од тврдењата е дека бил сроден со италските јазици, но ова не е сосема поддржано.
Само мал број на елимски текстови денес преживеале. Овие вклучуваат топоними и лични имиња, неколку монети напишани на грчко писмо со имиња на елимски градови, и околу 170 фрагменти на керамика напишани со грчко писмо. Сите текстови датираат од 6 до 4 век п.н.е. Поголемиот дел се многу кратки со мал број на подолги текстови. Само на една вазна пронајдена во Палермо има поголема реченица на елимски која гласи "Јас [вазнатаt] сум [подарок] за/од Ата Тука".