Емил Хајек бил српски пијанист, композитор (ученик на Антонин Двожак) и музички педагог од чешко потекло. Се родил на 3 март 1886 а починал на 17 март 1974 година.
Како професор по пијано на Музичката академија во Белград тој бил еден од основачите на современото српско пијанистичко училиште.Тој исто така бил член, основач и прв претседател на Здружението на музички уметници на Србија. Од 1920 до 1921 година работел како директор на Конзерваториумот Саратов.