Ен Престон

Ен Престон (1 декември 1813 година - 18 април 1872 година) — американски лекар, активист и едукатор.

Ен Престон била првата жена декан на медицинско училиште, Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија, што било првото медицинско училиште во светот во кое исклучиво учеле жени. Во време кога медицинската професија била речиси само машка и се сметало за неприфатливо жените да се занимаваат со оваа професија, Ен Престон водела кампања за нејзините студентки да бидат примени на клинички предавања во болницата Блокли Филаделфија и болницата во Пенсилванија. И покрај отвореното непријателство на машките студенти по медицина, а понекогаш и на машките професори, Престон решително преговарала за најдобрите образовни можности за студентите на СМКП.[1]

  1. National Library of Medicine (14 October 2003). „Changing the Face of Medicine. Biography: Dr. Ann Preston“. National Library of Medicine. Посетено на 22 April 2016.