Ерика Батчелор

Ерика Ен Батчелор (10 август 1933година, во Пул, Англија) — поранешна британска уметничка лизгачка.[1] Таа е светски бронзен медалист од 1954 година, европски сребрен медалист од 1953 година и трикратен (1953, 1955 и 1956 година) европски бронзен медалист. Таа ја претставувала Велика Британија на Зимските олимписки игри 1956 година, каде што се пласирала на 11-тото место.[1] Таа престојувала во Единбург, Шкотска во 1957 година и заминала во Борнмут, Англија за да стане професионалец. Нејзиниот портрет го насликал Пол Сетон Брамли во Единбург, Шкотска во 1957 година. Истиот сликар му понудил на нејзиниот пријател Рас Кристенсен кој ја придружувал лизгачката на нејзините сесии, да го направи и неговиот портрет. Понудата била прифатена.

Резултати

[уреди | уреди извор]
Настан 1952 година 1953 година 1954 година 1955 година 1956 година 1957 година
Зимски олимписки игри 11-то
Светско првенство[2] 9-то 9-то 3-то 5-то 8-мо 9-то
Европско првенство[3] 10-то 3-то 2-ро 3-то 3-то 5-то
Британско првенство 1-во
  1. 1,0 1,1 Sports-reference profile
  2. „World Figure Skating Championships Results: Ladies Medalists“ (PDF). International Skating Union. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 June 2011.
  3. „European Figure Skating Championships Results: Ladies Medalists“ (PDF). International Skating Union. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 March 2013.