Ернесто Бертарели | |
---|---|
Роден(а) | Ернесто Бертарели 22 септември 1965 Рим, Италија |
Националност | Швајцарија |
Познат(а) по | Сероно Фондација Бертарели |
Богатство | 8,5 милијарди американски долари (јуни 2018)[1] 13,5 милијарди швајцарски франци[2] |
Сопружник | Кристи Ропер (в. 2000) |
Деца | 3 |
Ернесто Бертарели (роден на 22 септември 1965 година) е Италијанец роден во Швајцарија, милијардер, стопанственик и филантроп. Во изданието на Сандеј Тајмс на листата за најбогати во 2017 година семејното богатство било проценето на 11.5 милијарди.[3]
Роден е во Рим, а неговото семејство се пресели во Швајцарија во 1977 година. Тој дипломирал на Бабсон колеџ во 1989 година, а заработил МБА на бизнис школото во Харвард во 1993 година.
Неговиот дедо Пјетро се придружил на фармацевстката компанија Сероно основана во 1906 година. Во 1935 тој станал извршен директор на компанијата, позиција која што подоцна ја наследил неговиот син, Фабио Бертарели во 1965 година. Бертарели станал генерален директор во 1996 година и после смртта на неговиот татко заедно со својата сестра Дона го наследуваат сиот имот во 1998 година. Ја смениле позицијата на компанијата од фармацевстка во биотехнологија.