Ернст Еберхард фон Ине (германски: Ernst Eberhard von Ihne; 23 мај 1848 – 21 април 1917) — германски истористички архитект. Роден е во Елберфелд (денес во состав на Вупертал). Бил државен архитект на царот Фридрих III и неговиот наследник Вилхелм II. Меѓу најпознатите негови дела се вбројуваат Кралската пруска библиотека (денес во состав на Берлинската државна библиотека), Новите Коњушници („Нојер Марштал“) и Кајзерфридриховиот музеј (денес „Боде“).[1]
Починал во 1917 г. во Берлин.
„Ернст фон Ине“ на Ризницата ? |
|