Еспресино (италијански: Espressino) ― италијански кафе пијалак со потекло од јужниот регион Апулија.
Се подготвува со еднакви делови од еспресо и млеко, со малку какао во прав на дното од шолјата и врз пијалакот. Еспресино фредо е ладен кафе пијалак со различни состојки.[1][2] Слично е на марокиното и бичеринот.
Еспресиното обично се служи во мала стаклена шолја.[3]