Лични информации | |||
---|---|---|---|
Датум на раѓање | 17 август 1985 | ||
Место на раѓање |
Кочани, СР Македонија, СФРЈ | ||
Висина | м | 1,71||
Положба | Среден ред (фудбал)/Напаѓач | ||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) |
2004–2007 | Силекс | 65 | (12) |
2008–2010 | Работнички | 18 | (1) |
2010–2011 | Скендербег | 4 | (1) |
2011 | → Поградец (позајмица) | ||
2011 | Брегалница 2008 | 11 | (0) |
2012 | ? | ||
2012–2013 | Гостивар | ||
2013–2014 | Брегалница 2008 | 34 | (3) |
2014–2015 | Еуромилк Горно Лисиче | ||
2015–? | Академија Пандев | ||
2017 | Осогово | 46 | (18) |
2017–2018 | Каменица Саса | 14 | (2) |
2018– | Осогово | ||
Тренерска кариера | |||
Осогово (помошник тренер) | |||
-2023 | Осогово | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Ефтим Аксентиев (роден 17 август 1985 година) ― македонски тренер и поранешен фудбалер кој играл како играч од средниот ред и напаѓач.
Во летото 2011 година, Аксентиев станал играч на прволигашот Брегалница 2008.[1]
Во летото 2013 година, Аксетиев го напуштил Гостивар и повторно се преселил во прволигашот Брегалница 2008 што бил неговиот втор престој во штипскиот клуб.[2] Таа сезона, Брегалница 2008 и Аксентиев стигнале до полуфиналето во Купот на Македонија.[3] Следната сезона Аксентиев се преселил во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче.[4] Сезоната 2015/16 ја започнал во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче, но во декември се преселил во третолигашот Академија Пандев.[5] Таа сезона, Аксентиев станал првак во Третата Лига - Исток.
Во јануари 2017 година, за време на зимската пауза на сезоната 2016/17, Аксентиев станал играч на Осогово.[6] Таа сезона, Осогово и Аксентиев завршиле на третото место во првенството и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток. Но следната сезона, Аксентиев се преселил во Каменица Саса, екипа која исто така била туку што унапредена.[7] За сезоната 2018/19, поточно во ноември 2018 година, Ефтим Аксентиев се вратил во третолигашот Осогово.[8] Таа сезона, Аксентиев и Кочани ја освоиле Третата лига - Исток и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток.
За сезоната 2020/21, Аксентиев бил помошник тренер на Осогово.[9]
Сезоната 2022/23, Аксентиев бил главен тренер на Осогово.[10]
Во јули 2023 година, Аксентиев дал неотповиклива оставка во Осогово.[11][12]