Ејриксјекидл (исландски: Eiríksjökull) — ледник во Исланд, северозападно од Лангјекидл. Зафаќа површина од околу 22 км2, се наоѓа на надморска висина од 1675 метри, и претставува највисока планина во западен Исланд. Сместен е на 750 метарска лавична плоча од изгасен вулкан.