Залез на Жале | |
Податоци | |
---|---|
Основани | 1906 |
Место | Бежиград, Љубљана |
Земја | Словенија |
Сопственик | Жале, јавно претпријатие |
Погребани | 150,000 |
Централни гробишта Жале (словенечки: Centralno pokopališče Žale), скратено Жале, се најголемите централни гробишта во Љубљана и Словенија. Сместени се на месноста Бежиград и управувани од јавното претпријатие „Жале“.
Гробиштата биле изградени во 1906 година зад црквата Светиот крст.
Во уредувањето на гробиштата учествувале многу познати архитекти (Јоже Плечник, Едвард Равникар, Власто Копач, Федја Кошир, Петар Керчеван, Марко Мушиќ, ...) , така што целиот комплекс на гробиштата има важно место во словенечката архитектонска историја. Многу гробни споменици биле украсени од истакнати вајари, меѓу кои и Лојзе Долинар, Фраце Горше, Свитослав Перузи, Борис Калин, Зденко Калин, Јанез Бољка, Стојан Батич, Николај Пирнат. Жале се исто со уметнички хортикултурен аранжман[1]. Жалесе споменик на културата со уникатни архитектонски, урбанистички и уметнички вредности. По својата комплексност и творечка изграденост тие се во редот на најпознатите објекти во Европа[2].
Првично, архитектот Иво Спинчич бил одговорен за дизајнот на комплексот мртовечница, но поради несогласувањето на клиентите со неговиот план, Јоже Плечник ги презел проектанските работи во 1936 година, кој проектираше оригинално и автентично решение. Следната година тој веќе го доставил првиот план за сопствен прошталниот комплекс (Градината на сите светци), врз основа на кој започна изградбата во 1939 година со помош на градителот Емил Томашич[3].