„Жалосната шума“ (јапонски: 殯の森) – филм на режисерката Наоми Кавасе од 2007 година. Кавасе е и авторка на сценариото. Главните улоги ги играат: Шигеки Уда, Мачико Оно и Макико Ватанабе. На Канскиот филмски фестивал, режисерката Кавасе ја освоила Големата награда на жирито, а била номинирана и за „Златната палма“.[1]
Шигеки (го игра Уда) живее во едне мал дом за пензионери, а медицинската сестра Мачико (ја игра Оно) со големо внимание се грижи за него. По прославата на роденденот на Шигеки, Мачико сака да го повози наоколу. Во текот на возењето по сликовитите споредни патишта, автомобилот излетува во еден јаз, а Мачико о Шигеки поаѓаат на мало патување исполнето со многу откритија...