Жан-Батист Андреа Jean-Baptiste Andrea | |
---|---|
Жан-Батист Андреа во 2017 | |
Роден(а) | 4 април 1971 Сен-Жермен-ан-Ле |
Занимање | писател, сценарист |
Жан-Батист Андреа (4 април 1971, Сен-Жермен-ан-Ле) — француски писател, сценарист и режисер.
Ја добил Гонкуровата награда во 2023 година за неговиот роман Бдеење над неа (Veiller sur elle).
Жан-Батист Андреа има италијанско потекло преку неговата мајка и баба.[1] Пораснал во Кан, каде што бил студент на Институтот Станислас и каде ги имал првите искуства на сцената, со сценарија и режија.
Дипломирал на Парискиот институт за политички студии и ESCP.
Своите први филмови ги напишал на англиски и добил неколку награди за неговиот филм „Ќорсокак“ во режија на Фабрис Канепа.
Неговиот прв роман, Мојата кралица, добил повеќе од десет награди. Следните два романи, Сто милиони години и еден ден и Ѓаволи и светци исто така освоиле повеќе награди.[2][3] Што се однесува до четвртиот, Бдеење над неа, објавен во 2023 година, истиот бил награден со Гонкуровата награда во ноември истата година.[4][5][6]
|date=
(help).
|