Жан-Мишел Генасија Jean-Michel Guenassia | |
---|---|
Жан-Мишел Генасија во Будимпешта, 2011 година. | |
Роден/а | 1950 година Алжир, Алжир |
Занимање | писател |
Националност | француска |
Значајни дела | „Клубот на неповторливите оптимисти“ |
Жан-Мишел Генасија (француски: Jean-Michel Guenassia), (Алжир, 1950) – француски писател[1].
Неговиот роман „Клубот на неповторливите оптимисти“ (Le Club des incorrigibles optimistes)[2] ја добил Гонкуровата награда во ноември 2009 година.
Жан-Мишел Генасија шест години бил адвокат, а потоа живее од своето перо пишувајќи телевизиски сценарија. Во 1986 година го објавува полицискиот роман „За сто милиони“ (Pour cent millions), потоа пишува неколку театарски пиеси[3], како „Голем, убав, силен, со црни горешти очи...“ (Grand, beau, fort, avec des yeux noirs brûlants...) претставена во 2008 година во Авињон[4].
Сепак, неговиот издавач Албен Мишел како прв негов роман го претставува „Клубот на неповторливите оптимисти“ издаден во 2009 година, како роман на непознат 59-годишник[5].
Во 2012 година објавува уште еден роман, „Сонуваниот живот на Ернесто Г“ (La Vie rêvée d'Ernesto G).
|