Железница (село)

Железница

Патоказ на влезот во селото Железница

Железница во рамките на Македонија
Железница
Местоположба на Железница во Македонија
Железница на карта

Карта

Координати 42°08′39″N 22°15′11″E / 42.14417° СГШ; 22.25306° ИГД / 42.14417; 22.25306
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Население 166 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14006
Надм. вис. 604 м
Железница на општинската карта

Атарот на Железница во рамките на општината
Железница на Ризницата

Железницасело во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Дел од селото Железница

Железница е село кое се наоѓа во северниот дел на Општина Кратово, а неговиот атар се допира со територијата на Општина Ранковце.[2] Сместено е во долината на Кратовска Река од нејзината десна страна, со маала раштркани по западната падина на Осогово. Поради тоа што селото е на оддалеченост на околу 3 километри северозападно од Кратово, тоа припаѓа на неговата рурална зона.[2]

Железница е ридско и раштркано село од разбиен тип со маала кои се наоѓаат на надморска височина од 640 до 790 метри.[2] Средната надморска височина изнесува 640 м. Дел од Железница се маалата: Врбица, Бел Камен, Мишинци и др. Низ самото селото минува главниот регионален пат кој го поврзува Кратово со Куманово и Крива Паланка преку Страцин.

Атарот на селото Железница зафаќа простор од 9,1 км2, на кои пасиштата заземаат површина од 377,7 ха, на шумите отпаѓаат 347,8 ха, а на обработливото земјиште 198,6 ха.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Името на селото се должи на железните рудници распространети во целата област и користени уште од најстарите времиња. Најстарите записи за селото Железница потекнуваат од опширните турски пописни дефтери XVI век кога тоа било царски хас и во него живееле 40 македонски христијански семејства, 22 неженети, 4 вдовици и 2 муслимански чифлици.[3] Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Кратовскиот крај во 1618/19 година селото е познато под името Железница кое во тоа време имало само 16 домаќинства.

Во XIX век Железница станува егзархиско село во Кратовската каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година Железница има 300 жители. За селото Железница многу краток запис дава и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, каде запишал дека: Железница се наоѓа ¼ час десно од Железна Порта по која што го добила и своето име.[4] Тоа е сиромашно село со 45 куќи, а повеќето жители му се ратаи (наемни земјоделски работници) кои работат највеќе на градските лозја.[4]. Во почетокот на XX век населението било под владеењето на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев во 1905 година во Железница имало 240 бугарски под врховенството на Бугарската егзархија.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото Железница е со потекло од македонскиот јазик и доаѓа од богатството со железна руда која ја има и се ископувала во непосредната околина на селото и поширокиот кратовски крај. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во 1896 запишал дека селото го добило своето име поради тоа што се наоѓа во близина на месноста Железна Порта[4], што секако повторно се должи на изобилството и ископувањето на железна руда во кратовскиот крај каде што се наоѓа селото.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Дел од селото Железница

Според составот на атарот селото Железница има мешовита земјоделска функција.[2] За економската состојба на селото Железница на крајот на XIX век податоци дава Ѓорче Петров, кој запишал дека е сиромашно село со 45 куќи, а повеќето жители му се ратаи (наемни земјоделски работници) кои работат највеќе на градските лозја.[4] Поради непосредната близина до Кратово и добрата поврзаност со асфалтен пат, поголем број жители и денес работат дејности во околните фабрики и производствени погони и во градот Кратово. Жители на Железница работат во блиските фабрики и погони за брусени плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата „Иднина Змеј“ и „Техно-Абразив“, во фабриката на „Добра Вода“, во блиските ископи на камен за градежништво и рудни наоѓалишта, а работат и како авто-превозници и градежни работници во Скопје, Куманово и ширум цела Македонија.

Дел од населението се занимава и со земјоделство во прв ред сточарство односно со одгледување на кози, а од полјоделство од житата се одгледува пченка во долината на Кратовска Река и градинарски култури претежно кромид, лук, домат, пиперки, краставици во дворовите за сопствени потреби. Во турските пописни дефтери од XVI век за селото Железница е запишано дека произведувало пченица, жито, граор, леќа, грозје, вино, сено, ореви, се одгледувале свињи и пчели, во него работела и воденица, а жители од Кратово обработувале земја во синорот на селото, за што севкупно се плаќало данок од 5200 акчиња.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948362—    
1953391+8.0%
1961397+1.5%
1971393−1.0%
1981313−20.4%
ГодинаНас.±%
1991283−9.6%
1994267−5.7%
2002220−17.6%
2021166−24.5%

Селото Железница бележи стабилност на бројот на населението, со постојан но благ пад. Бројот на жителите на селото Железница во 1961 година изнесувал 397 жители, а во 1994 живееле 267 жители, сите Македонци.[2] Низ годините, освен мал број на Срби, немало други народности, кои живееле во селото.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Железница имало 220 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 166 жители, од кои 154 Македонци, 1 останат и 11 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 300 240 362 391 397 393 313 283 267 220 166
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Селото Железница е населено исклучиво со македонски родови. Семејства кои живеат во селото Железница се: Митевски, Јовановски, Велкови, Диневи, Стоевци, Ѓорѓиевски, Коцевски и др.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во селото Железница работи подрачна единица на кратовското основно училиште во кое се посетува настава до четврто одделение.[2]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Писан Камен — месност со праисториска карпеста уметност. Импресивен комплекс од гравири од типот аркуформи, или форми на стрела во контекст на купули, крстовидни форми и божества.[12]. Месноста „Писан Камен“ во с. Железница, Кратовско, е содржински најбогат во светски рамки[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952 година, селото исто така се наоѓало во рамките на тогашната Општина Кратово, во која покрај градот Кратово, влегувале и селата Близанци, Железница и Нежилово.

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 123–124.
  3. 3,0 3,1 Соколоски, Методија (1980). Турски документи за историјата на македонскиот народ. V. Скопје: Архив на Македонија. стр. 42–43.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Петров, Гьорче (1896). Материали по изучванието на Македония (бугарски). Печатница Вълковъ. стр. 540.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Карпеста уметност во Македонија - „Паноптикум". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-09-04.
  13. - Карпеста уметност во Македонија

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]