Жељко Малнар | |
---|---|
Малнар во 2003 | |
Роден(а) | 12 април 1944 Загреб, Југославија |
Починал(а) | 9 јули 2013 Загреб, Хрватска | (возр. 69)
Установа | Индиски институт за масовни комуникации, Делхи |
Сопружник | Емира(1989 - 2013) |
Жељко Малнар (Загреб, 12. април 1944 година. - Загреб, 9. Јули 2013 година),[1] хрватски авантурист, светски патник, патописец, автор на документарни филмови, ТВ-водител на анти-шоу, анти-политичар. Позната личност во Хрватска и светот.
По завршувањето на средното училиште, студирал медицина и експериментална зоологија. За време на неговите студии се воодушевува од генетиката, и веќе како дваесетгодишник ја организира својата прва експедиција во единствената прашума во Европа — Перуќица. Со овие експедиции, објавува повеќе трудови со забележаните работи на терен, и оваа работа, сè повеќе го преокупира. Пријателството со писателите Маријан, а особено со Новак Симиќ, уште повеќе ја продлабочува неговата љубопитност кон природата на човекот и на светот воопшто. Се дружи со тогаш младите индолози (проф. д-р Катичиќ, проф . д-р. Ивековиќ, проф. д-р Ж. Матешиќ, проф. д-р К. Башиќ) и други, од Филозофскиот факултет во Загреб , што на крајот го одведува во њу Делхи, каде што на Индискиот Институт за Масовни Комуникација, студира заедно со учениците од 18 земји од Третиот свет, новинарство за неразвиени земји. Но, по дипломирањето, останува во Индија уште цели 10 години.
Жељко Малнар е автор на повеќе од 70 документарни филмови и репортажи од Турција, Јордан, Ирак, Иран, Авганистан, Пакистан, Индија, Шри Ланка, Малдиви, Тајланд, Панама, Порторико, Еквадор, Самоа, во Јужниот Тихи Океан, Нови Хебриди (Вануату), Соломонски Острови... Добитник е на многу награди и признанија во светот (Чикашки филмски фестивал, Барселона филмски фестивал...), а во 1986 година. ги добива клучевите на градот Форт Ворт Далас во американската држава Тексас од градоначалникот Боб Болан како награда за зближување на културите и народите.
Во 1992 година. на ТВ станицата OTВ ја започнал Ноќна мора, многу контроверзно ТВ шоу во кое се појавувале и настапувале различни живописни ликови од улиците на Загреб. Малнар, се самопрогласил за Претседател на измислената Република Пешченица што се користи како сатиричка платформа за потсмев на тогашната политичка сцена.
Со текот на времето ова шоу, поради својата оригиналност и рушење на предрасудите стекнува култен статус и голема публика. Во градското собрание на Загреб, комисијата за општествени признанија ја номинирала во 2004 година емисијата Ноќна мора за доделување на Плакетата на Град Загреб, и тоа за "нејзината автентичност, смело спротивставување на вештачкиот виртуелен свет на лажни големини и општествена хипокризија". Сепак, кандидатурата нема да биде прифатена откако хрватскиот Хелсиншки Комитет утврдил дека во емисијата има "бесрамна употреба на хендикепираните лица и ширење расизам."[2]
|accessdate=, |date=
(help)(Croatian)„HHO smatra neprimjerenom dodjelu plakete grada Zagreba Malnarovoj "Noćnoj mori"“ (хрватски). Index.hr. 12. svibnja 2004. Посетено на 25. studenoga 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=
(help)