Жрец[1][2] — назив за свештеник во старословенската култура, семантички близок со зборот жртва.[3]
Зборот жрец доаѓа од старословенскиот жьrьcь и тоа пак од жьрѣти да се жртвува на боговите; слави“.
Изразот жрец е исто така етимолошки поврзан со литванскиот збор giti (фали) и други балтички јазици и доаѓа од прото-индоевропскиот *glr „пофална песна“[4] [5].
Свештениците се занимавале со принесување жртви и одредување датуми на обреди, предвидување судбини, верување и склучување бракови (свадби). Жреците ја сочинувале елитата во словенското староверско општество и имале големо политичко влијание, честопати владеејќи заедно со кнезот. Според старите хроники, тие имале долга коса која не ја стрижеле. За време на христијанизацијата на Словените тие биле главното јадро на бунтот против новата религија.[6]
Покрај жреците, Словените имале и волхи, кои имале шамански функции и биле слични на жреците.