Забранета желба | |
---|---|
Жанр | драма, историска теленовела |
Создадена од | Валтер Неграо |
Улоги | Фернанда Васконселос Мурило Роса Даниел де Оливеира Ева Вилма |
Воведна тема | Sonho Lindo, Tânia Mara |
Земја на потекло | Бразил |
Првичен јазик | португалски |
Бр. на епизоди | 154 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Глобо |
Првично прикажување | 5 ноември 2007 – 2 мај 2008 |
Хронологија | |
Следбеник | Камена гатанка (2008) |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | desejoproibido.globo.com |
Забранета желба (португалски: Desejo Proibido) е романтична бразилска теленовела. Серијата во Бразил беше очекувана со голем успех, после лошиот успех на претходната новела Вечна магија, која не го привлече многу вниманието на гледачите. Оваа новела исто така не беше толку за фалење, но за разлика од претходната имаше многу поголема гледаност. Сепак новелите се прогласени за одлично обработени, без разлика на постигнатиот рејтинг.
Дејството е сместено во 30ите години, во малиот фиктивен град Пасаперто, каде што градоначалникот Вириато живее во конфликт со најмоќната од црквата, Кандида, силна жена која потекнува од семејство со плантажи со кафе, и чии интереси се секогаш на прво место за неа. Со падот на кафето, Кандида мора да продаде дел од земјата на семејството на Шико Фернандес. За да не ги разделува богатствата, ја дава раката на нејзината ќерка Исабел за Шико. Од врската помеѓу нив двајца се раѓа Енрике, во кој Кандида ги вперува сите нејзини очекувања. Неколку месеци по породувањето, Исабел починува, и Шико Фернандес се венчава со убавата Ана, ќерка на индијанка. Прифаќајки ја романсата со проста жена, Кандида го одгледува внукот. Фрустрирана од идејата да биде мајка, Ана оди да се моли на сликата на една светица нацртана на камен. Одеднаш, изненадување: наоѓа бебе во кану. Тоа е почетокот на приказната за малата Лаура. Во градот, сите го прославуваат чудото од светицата. Токму за да го проучи мистериозниот случај, парохот од црквата, отецот Инасио, го убедува Мигел, исто така отец, да одат во градод Пасаперто. Она што Мигел не го ни замислува, е дека таа мисија ќе го смени текот на неговиот живот засекогаш.
Глумци | Ликови |
---|---|
Фернанда Васконселос | Лаура |
Мурило Роса | Мигел |
Даниел де Оливеира | Енрике |
Ева Вилма | Кандида |
Летиција Сабатела | Ана |
Александре Боргес | Д-р Ескобар |
Лима Дуарте | Вириато |
Нивеа Марија | Доња Магнолија |