Задруга е рурална заедница на добра која била присутна меѓу многу словенски племиња, а највеќе меѓу Јужните Словени.
Сите членови на задругата, најчесто околу триесет лица, живееле заедно и обработувале заедничка земја, која никој не можел самостално да наследи. Задруга се состоила од неколку куќи, една главна и неколку околни во кои живееле помлади брачни двојки. Бидејќи задругата била заснована на патрилинеарен систем, девојка која би се мажила, ја напуштала татковската задруга и влегувала во задругата на својот маж.
Задругa најчесто сочинувало неколку генерации од едно или повеќе семејства, со најстариот член на чело (дедо или старец), чие мислење сите го уважувале. Поважни прашања се решавале на заеднички состаноци, кои се нарекувале собрание, собор, совет итн.
Задругите биле соединети во жупа, а неколку жупи сочинувало словенско племе. На чело на племето стоел врховниот кнез, кои кај Јужните Словени се нарекувал жупник.
Задругите исчезнале на крајот на XIX век, а од некои од поголемите задруги исчезнале села. Многу денешни села на Балканот имаат корен во задругите, а голем број го носат името на основачот. Населби кои потекнуваат од задруги можат да се препознат по називите кои имаат наставки како: -ивци, -евци, -инци, -ци, -ане итн.
Во Србија, Босна и Бугарија задругите најдолго се одржувале, најверојатно поради турските власти. Словените имале поголеми изгледи да опстанат соединети во задруга, отколку поединечни семејства. Во Србија задругите опстанале сè до почетокот на XX век, а во западна Бугарија до крајот на XIX век век.
Оваа статија поврзани со културата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |