Законот на љубовта | |
---|---|
Податотека:ZakonLjubaviCast.jpg | |
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Јелена Велјача Наташа Антулов |
Улоги | Зијад Грачиќ Анкица Добриќ Ивица Пуцар Ванеса Радман |
Земја на потекло | Хрватска |
Првичен јазик | хрватски |
Бр. на епизоди | 60 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Нова ТВ |
Првично прикажување | 22 септември 2008 – 12 декември 2008 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | zakonljubavi.novatv.hr |
Законот на љубовта (хрватски јазик: Zakon Ljubavi) е хрватска теленовела. Од творецот на најгледаните теленовели “Вила Марија” и “Љубов во офсајд” на Нова ТВ започнува новиот вистински хит, “Законот на љубовта” во светот на глумата и правосудството, и љубовта и омразата помеѓу две познати фамилии од 22 септември на Нова ТВ. Серијата кај нас се емитуваше на Сител телевизија.
“Законот на љубовта” е серија за две загребски фамилии, Перковиќ и Нардели, чии позиции во друштвото и финансиската состојба се слични, но моралните ставови и стилот на живот сосема спротивни. Серијата паралелно го прати светот на младите ликови сместени во вилата на Перковиќ, нивните односи со другите ликови, па и караниците со фамилиите, сплетките и расплетите. Постојата и два професионални светови; глумскиот, чиј центар е Академијата, интересниот процес на создавање ѕвезди, настанок на претстави, и односи на професори и студенти. Спротивно е правниот свет, во кој преку канцелариите на Перковиќ има увид во интересни случаи на различни профили, како и политичко – работни игри.
Двете главни фамилии ги поврзува бракот помеѓу Петар Перковиќ (30),постарото дете во фам. Перковиќ, припадник на типичните млади златни години, чиј главен проблем е тоа што веќе не е баш толку млад, и Маја Лена Нардели Перковиќ (30), успешна млада адвокатка, која станала партнерка во адвокатските канцеларии на таткото на Петар, Ѕвонимир Перковиќ (55), најпознатиот загребски адвокат.
Накратко, Перковиќ е човек кој знае да се најде на вистинско место, работите ги добива со својата позиција и политичките врски, а правниот дел од работата го обработува адвокатката во канцеларијата, Маја Лена. За разлика од него, но и неговиот син, кој го запознала уште во времето на студиите на Правниот факултет, Маја Лена е способна, талентирана и многу работлива адвокатка која Перковиќ ја следи на сите важни расправи, решава комплицирани случаи кои тој не може да ги реши. Таа во адвокатските канцеларии носи професионализам и знаење.
За разлика од неа, интелигентен, но неспособниот разгален син Петар нема никаква потреба да напредува, напротив од работата и од кариерата подраги му се пиењето и забавувањето. Впрочем на тој начин ја запознал и својата љубовница, Луција (28), една од најголемите глумечки ѕвезди во Хрватска. Права иронија на судбината (и еден од првите заплетите во серијата) лежи во тоа што Луција е жена на братот на Маја Лена, Матеј Нардели (30). Нивниот брак е последица од голема љубов уште од времето на Академијата, а сето тоа што во меѓувреме работеле заедно постигнал невиден успех и веднаш станало успех. Додека Луција во доцните деведесетти заработувала пари и постигнувала име глумејќи во телевизиски серии, Матеј се ориентирал на мали, но елитни театарски претстави, и станал редовен професор на Академијата за драмски уметности во Загреб.
На почетокот на серијата, тие двајца се подготвуваат за голема театарска претстава на дело од Мирослав Крлежа, во која таа глуми како еден од главните улоги, најавена како нејзино бомбастично враќање на театарот. Ѕвонимир и Нева Перковиќ, домаќинка, жена и мајка, имаат и млада ќерка Уна, типично дете кои родителите го добиле “случајно”, односно, под старите денови. Уна е убава и интелегентна, но разгалена и сноб, неколку години работела како модел и манекенка, и се допаднал шоубизнисот, па посакала да стане глумица.
Живее сама во куќата која нејзините родители и ја подарија на Маја Лена и Петар како венчален подарок, а која Маја Лена ја одбила како преголема за нив двајца, пар без деца. Уна великодушно се понудила да живее во куќата која е модерна, со многу соби и базен, и која набргу, на игра случаи, ќе стане дом за сите главин глумци на младата генерација. Уна на почетокот на серијата ќе се надева како ќе им помогне во семејните врски т.е Матеј да ја запише на Академијата. Со оглед на фактот дека неговиот брак многу брзо после почетокот на серијата и јавно ќе почне да се распаѓа, а Уна нема да успее на првиот приемен, таа во афера со него ќе види шанса да се реализира како глумица. Истовремено, амбиција за упис на глума има и Клара (18), девојка која доаѓа од мало место во Хрватска, но премногу убава и едноставна, но талентирана.
Распадот на некогаш двата златни загревски парови, Маја Лена и Петар Перковиќ, и Луција и Матеј Нардели, ќе откопа и една порано закопана воена секира помеѓу Игњат Нардели и Ѕвонко Перковиќ.
Глумци | Ликови |
---|---|
Зијад Грачиќ | Ѕвонимир Перковиќ |
Анкица Добриќ | Нева Перковиќ |
Ивица Пуцар | Петар Перковиќ |
Ванеса Радман | Маја Лена Нардели Перковиќ |
Долорес Ламбаша | Луција Нардели |
Марија Омалјев | Уна Перковиќ |
Петар Ќиритовиќ | Матеј Нардели |
Филип Јуричиќ | Домагој Ребац |