италијански: Deposizione | |
Творец | Караваџо |
---|---|
Година | 1603–1604 |
Димензии | 300 см × 203 см |
Место | Ватиканската пинакотека, Ватикан |
Закопот на Христос е слика, масло на платно од Микеланџело Мериси да Караваџо, насликана е околу 1603–1604година, а е изложена во Ватиканската пинакотека во Ватикан.[1].
Ова е една од најзначајните слики на Караваџо на тема од Новиот завет. Мотивот на положување на Христос во гробот е насликан од 1602-1604 година, за капелата на црквата Санта Марија во Валицела. Го зачудува набудувачот со скоро физичка сила, големина и директност, како и перспектива во внатрешноста на гробот во кој се спушта безживотното тело на Исус.[2].
Фигурите формираат голем триаголник надвор од центарот на сликата во кој се повторуваат аглите, од аголот на камената плоча во преден план, до свитканите нозе на Исус, како и лактот на свиткана рака на носителот, па дури и во просторот помеѓу прстите на кренатите раце на Богородица и Марија Магдалена се то тоа едвај едвај и да влиае на сцената, во која се фокусира телото на Исус внимателно поставено и осветлено од светлината. Цврстата нога го држи телото десно, додека младиот Јован евангелистот го прави тоа на левата страна од фигурата.[3].
Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Чувство за атмосферата . Ова е една од најдраматичните и ликовно најсилните дела на Караваџо. Неговиот стил е своевиден ран барок во кој се насетуваатдури и некои елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски и теолошки реализам. [4].
Караваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја подготвувал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите. Во ова дело, тој уште повеќе го затемнува колоритот, сметувајчи го колоритот во доминантно црна површина со светлосни акценти кои ја наговестуваат драматичната заробеност на лицата во совршената композиција.[5].
Во рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рајн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа).директност а [6].