Занкт Георг | |
Кварт во Хамбург | |
Улично кафуле во улицата Lange Reihe | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Мите |
Основни податоци | |
Површина | 2 км2 |
Население | 10.551 (31 декември 2006) |
- Густина | 5.276 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Занкт Георг во градот Хамбург | |
Координати | 53°33′11″N 10°0′55″E / 53.55306° СГШ; 10.01528° ИГД |
Занкт Георг е централен кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија.
Во 1410, членовите 17 и 18 на договорот (Rezeß) помеѓу Сенатот и граѓаните биле се регулирал престојот во болницата Занкт Георг (S. Georg / Suente Juergens).[1] Оваа болница сè уште постои како Asklepios Klinik St. Georg.
Во 1868, квартот Занкт Георг службено станал дел од Хамбург, вклучувајќи ја и болницата за епидемијата на чумата.
Поради проблемите со дрогата, проституцијата и високата стапка на криминал, во 2007 Сенатот на Хамбург усвоил закон за забрана на оружјето во областа Hansaplatz од Занкт Георг. Единственото друго место во Хамбург е областа Reeperbahn, Занкт Паули.[2]
Занкт Георг е на југоисток од вештачкото езеро Аусеналстер, кое е на граница на округот Ајмсбител. Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, урбаниот кварт имал вкупна површина од 1,8 км².
Делови на квартот Занкт Георг се рангирани како добра адреса од бирото на градскиот развој и животната средина на Хамбург.[3] Централната локација Занкт Георг и многуте места за ноќен живот, уличните кафулиња и продавниците е изворот за гентрификација во овој кварт од 1980-тите. Градот Хамбург и округот Хамбург-Мите имаа специјални програми да го променат овој кварт.
Поради многуте пријателски настроени кафулиња и ноќни клубови кон хомосексуалците, Занкт Георг се смета за главното место на хомосексуалците во Хамбург. Во улицата Lange Reihe е почетното место на хамбуршката годишна парада Christopher Street Day.[4]
Во 2006, во квартот Занкт Георг живееле 10.551 лице. 9,2% биле деца под 18 години, а 13,2% имале 65 или повеќе години. 31,4% биле имигранти. 629 луѓе биле регистрирани како невработени.[5] Во 1999, постоело 6.882 домаќинства и 67,8% од сите домаќинства биле сочинети од индивидуалци.[6]
Domkirche St. Marien е римокатоличката катедрала во Занкт Георг. Сегашната зграда потекнува од 1890-тите.
Главниот кампус на универзитетот за применети науки Хамбург е на улицата Berliner Tor.
Постојат 3 основни и 6 средни училишта во Занкт Георг.[7]
Германски театар (Deutsches Schauspielhaus), основан во 1901, се наоѓа во квартот Занкт Георг. Меѓу другото Sportverein St. Georg von 1895 е спортски клуб во овој кварт, кој ги користи објектите во квартот.
Почесниот генерален конзулат на Кралството Тајланд основан во Хамбург во 1881 се наоѓа во улицата An der Alster 45 и ги опфаќа покраините Бремен, Хамбург и Шлезвиг-Холштајн.[8]
Asklepios Klinik St. Georg е општа болница со 758 кревети и 67 дневни места (н.п. за пациенти со СИДА). Болницата има 10 департмани, вклучувајќи интерна медицина, хирургија (вклучувајќи урологија), неврологија, неврохирургија, анестезиологија и интензивна нега и итна помош. Болницата е специјализирана меѓу другото за кардиохирургија и онкологија. Исто така, обезбедува и пружа услуги во итната помош. Болницата се наоѓа во Lohmühlenstrasse.[9]
Од 2008, во болницата се наоѓа медицинското училиште Asklepios, приватно медицинско училиште водено од Asklepios Kliniken Hamburg и добро познатиот унгарски универзитетот Семелвајс.
Во 2006, имало 67 лекари во приватни ординации и 9 аптеки.[7]
Занкт Георг е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница преку станиците Ломиленштрасе и Берлинер Тор. Јавниот превоз, исто така, е обезбедуван и од автобуси.
Главната железничка станица во Хамбург се наоѓа во Занкт Георг, исто така и централната автобуска станица, за далечни одредишта кон многу градови во Европа.
Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Занкт Георг биле регистрирани 2.134 приватни возила (205 возила на 1.000 жители).[7]
„Занкт Георг (Хамбург)“ на Ризницата ? |
|
|
|